[ВИДЕО] „Кравата отиде на море, а јас не“: Луѓето се превиткуваат од смеење по видеото од Неум – „Ни вештачка интелигенција не би го смислила ова“

Точка

13/07/2026

21:24

1.502

Големина на фонт

а а а

Еден сточар ги спакувал куферите за летување, но бидејќи немал кому да ја остави својата крава, решил да ја поведе со себе на капење. Додека едни се превиткуваат од смеење и коментираат дека „ни вештачка интелигенција не би можела да смисли вакво нешто“, други остро го осудуваат потегот и изразуваат загриженост за животното.

Необичната сцена од Неум деновиве привлече огромно внимание на социјалните мрежи, откако еден сточар на летување ја поведе и својата крава.

Видеото беше објавено на „TikTok“ профилот „Stočarstvo i Medo“, а за многу кратко време стана вирално. Во снимката, низ шега, тој објаснува дека немал кому да ја остави кравата, па решил и таа да тргне со него на море.

„Дојдов на море да се капам, ама немав каде да ја оставам кравата, па ја поведов и неа да се капе“, вели тој низ смеа.

@stocarstvo.medo Jel ovo dobro? @Hej Mama ♬ izvorni zvuk - stocarstvo Medo

На крајот од видеото им поставува прашање на своите следбеници: „Дали ова е добро или не е добро?“, по што под објавата следуваа стотици коментари и реакции од корисници кои добро се насмеаја на оваа несекојдневна ситуација.

„Ех животе, коро од лимон, кравата отиде на море, а јас не“, се пошегува една корисничка во коментарите.

Друг корисник напиша дека „ни вештачка интелигенција не би можела да смисли вакво нешто“.

Сепак, имаше и такви кои го осудија овој потег и изразија загриженост за благосостојбата на животното.