Паднал од електричен тротинет: тешко повреден маж од Кавадаречко

Макфакс

13/07/2026

13:50

230

Големина на фонт

а а а

Во близина на Кавадарци, маж паднал од електричен тротинет и се здобил со тешки телесни повреди, а увидна екипа ја извршила истрагата на местото на несреќата.

Во ОВР Кавадарци вчера било пријавено дека околу 22:00 часот на улица „Маршал Тито“ во село Сопот, кавадаречко, И.А.(43) од с.Сопот, управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.А., констатирани во Општа болница Кавадарци.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.