Уапсен 31-годишен скопјанец, со нож го убил својот татко

Макфакс

13/07/2026

10:20

320

Големина на фонт

а а а

Во Скопје, 31-годишен маж е уапсен поради тоа што го убил својот татко со нож откако неговиот татко претходно физички ја нападнал мајката. Случајот е во тек на истрага и обдукцијата е наредена од јавниот обвинител.

Вчера околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 31-годишниот Б.Џ. од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје.

Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко.

По преземени мерки, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., а 54-годишната жена е пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Л. е предадено за обдукција и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.