Без вода денеска дел од улицата Македонска Косовска Бригада, касарната Илинден, трговскиот центар Поинт

Макфакс

13/07/2026

06:45

218

Големина на фонт

а а а

Денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од улицата Македонска Косовска Бригада, како и во касарната Илинден и трговскиот центар Поинт поради дефект на водоводна цевка.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на водоводна цевка Ф250мм. на улица Македонска Косовска Бригада 23А позади зградите на Аквадукт, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел корисниците на улицата Македонска Косовска Бригада од бензинската пумпа Мак Петрол до подвозникот Шуто Оризари, улицата 11, касарната Илинден, трговскиот центар Поинт.