Прогноза за времето која најавува сончево време со мала до умерена облачност и засилен северен ветер, со температура која ќе варира од 11 до 34 степени и можност за локален дожд и грмежи во среда.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
Денеска и во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Во среда, во попладневните часови, ќе има услови за локален дожд и грмежи.







