Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување безбедно отстрани опасна артилериска граната од Првата светска војна пронајдена при градежни работи во близина на битолското село Меџитлија.
Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена.

Како што информираат од ДЗС, гранатата била пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ – Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на македонско-грчката граница.
Пријавата до ДЗС била достaвена преку бројот за итни случаи 112.







