Охриѓанец тешко повреден со мопед, возел под дејство на алкохол

Макфакс

11/07/2026

18:20

193

Големина на фонт

а а а

62-годишен мотоциклист од Охрид тешко се повредил откако изгубил контрола и паднал со мопед додека бил под дејство на алкохол. Несреќата се случила на кружната крстосница меѓу булевар Туристичка и улицата Абас Емин, а увид извршила полицијата по насока на јавен обвинител.

62-годишен охриѓанец е тешко повреден откако изгубил контрола и паднал со мопед во Охрид.

Несреќата се случила на 10 јули околу 09:20 часот на кружната крстосница меѓу булевар „Туристичка“ и улицата „Абас Емин“.

Од МВР информираат дека Г.К. (62) од Охрид управувал мопед „хуатијан“ кога изгубил контрола и паднал на коловозот.

Тој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

При проверка било утврдено дека мотоциклистот имал 0,74 промили алкохол во крвта.

По насока на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Охрид.