Загина работник при пад од објект во изградба во Гази Баба

Макфакс

11/07/2026

18:00

195

Големина на фонт

а а а

Работник од Куманово загина при пад од објект за време на градежни работи во скопската населба Гази Баба. Несреќата била пријавена до МВР, а констатирана е смрт на лице место.

Педесет и двегодишен работник од Куманово загина при изведување градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази Баба.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена вчера околу 14:05 часот во СВР Скопје.

„На подрачјето на Гази Баба, при изведување на градежни работи на објект во изградба, од висина паднал И.И. (52) од Куманово. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт“, соопшти МВР.

На местото на несреќата извршиле увид полициски службеници од СВР Скопје, а за случајот бил известен и трудов инспектор.