Сколс не е возбуден од најавеното засилување на Јунајтед и даде предлог за друга аквизиција: Клубот мора да направи нешто поголемо

Дерби

10/07/2026

15:46

285

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед договори двајца играчи за врска во Едерсон и Андреј Сантош, но ниту еден од нив не го задоволува Пол Сколкс кој верува дека клубот прави погрешен потег, посебно со играчи кој доаѓа од Челси.

За фудбалер кој ретко добиваше шанса до пред неколку месеци, Јунајтед одлучи да издвои 50 милиони фунти, па тоа за Сколс е вистинска бесмислица во ситуација кога на првиот тим му е потребен играч кој гарантира сигурност и квалитет како што беше случај со Касемиро.

– Не гледам дека некој покажува било каква возбуда за играчот кој е договорен. Никој не е возбуден и тоа доволно покажува каков е ставот на фановите.

– Јунајтед се доведе во ситуација да остане без многу квалитетен избор. Тонали отиде во Тотенхем, а Бруно Гимараеш најверојатно му дава предност на Арсенал во преговорите.

– За мене лично, треба да се разгледа Адам Вортон од Кристал Палас. Сметам дека тој би бил шанса за добар трансфер. Тој е одличен фудбалер и мислам дека би бил достапен за правилна цена. Јунајтед мора да направи нешто поголемо, – изјави Сколс.