Адриен Рабио издоминира во средниот ред на вчерашниот натпревар против Мароко и извонредно го диктираше темпото на игра, со што само потврди дека е исклучително важно да се има така искусен фудбалер на клучен дел од теренот во тимот на Дидие Дешамп.
За разлика од некои други француски фудбалери кои покажаа големи симпатии кон Мароканците во вид на тешења на теренот и позитивни изјави по средбата, Рабио не беше баш најблагонаклонет кон африканската селекција, па во својата анализа на мечот заклучи дека тие биле целосно безопасни.
Франција целосно го надигра последниот африкански претставник на мундијалот и вторпат во низа го победи на Светските првенства, а Рабио призна дека останал и изненаден од немоќта на ривалот.
– Мароко не беше воопшто опасен кон нашиот гол. Дури и во моментите кога им ја препуштавме топката, тие не беа опасни и не знаеја што да прават со неа, едноставно не знаеја да ни наштетат.
– Да бидам искрен, немавме од што да се плашиме во текот на целиот меч, тоа е чувството кое го имавме на теренот. Останав малку изненаден, особено поради индивидуалниот квалитет кој го поседуваат. Токму поради тоа бевме доста внимателни, но реланоста е дека целосно ги надигравме, – изјави Рабио.







