Уапсен возач, на патот Гостивар -Тетово возел со брзина од 168 километри на час

Макфакс

09/07/2026

14:30

174

Големина на фонт

а а а

На патот Гостивар–Тетово е уапсен возач кој управувал возило со брзина од 168 километри на час, двојно повеќе од дозволената на тој дел од патот. Полициските службеници го задржале и ќе поднесат пријава.

Вчера во 18:15 часот на патот Гостивар –Тетово, на клучката кај село Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Б.С.(32) од с.Глумово, скопско.

При контрола на патниот сообраќај и мерење со радар, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки, било констатирано дека го управувал возилото со брзина од 168 километри на час на место каде што дозволената брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час.

Б.С. задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.