Кривични пријави против четири деца и пет родители за насилството врз малолетничката во Аеродром: Некои се теретат за насилство, други за поттикнување и снимање

Макфакс

08/07/2026

14:02

634

Големина на фонт

а а а

Полицијата од Скопје го расчисти случајот на физички напад врз 12-годишно девојче во парк во Аеродром, при што се поднесени кривични пријави против четири малолетнички и пет родители за различни кривични дела поврзани со насилството и малтретирањето.

СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, беше физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони, соопшти полицијата.


„Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторени кривични дела „поттикнување“ предвидено и казниво по член 23 од Кривичниот законик во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик и „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторено кривично дело „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, како и против родителите И.В., М.В., М.П., И.А. и И.А. за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ предвидено и казниво по член 201 од Кривичниот законик“.