Синоќа во Скопје, полицијата привела 59-годишен маж по пријава дека допирал по телото на 31-годишна жена во продавница. Следуваат понатамошни постапки.
Синоќа во 22:10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Н.(59) со престојувалиште во Скопје.
Полицијата реагирала по претходна пријава дека тој во продажен објект допирал по телото 31-годишна жена.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.







