Во оваа изјава од СДСМ се оценува дека Мицкоски и ВМРО не се заинтересирани за реформи или подобрување на изборниот законик, туку целта им е изборен грабеж и манипулација со гласовите од дијаспората. Се критикуваат и недемократските практики при укинувањето на техничката Влада и неуспехот за усвојување на нов модел за гласање.
„На Мицкоски и на ВМРО не им е ниту до реформи, ниту до подобрување на Изборниот законик, ниту до консензус. Целта е една – изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови од дијаспората. Истата ВМРО што тврдеше дека веќе обезбедиле договор со Левица и ДУИ, сега сака да го префрли проблемот кај СДСМ“, велат од СДСМ.
Реформи
„Нели седнаа заедно со Левица и со ДУИ, нели се договорија? Постојано само лаги и спинови.
Ја укина техничката Влада на сила и без консензус. Откако не му пројде моделот за електронско гласање на дијаспората, се обиде да протне нов за гласање по пошта – и повторно без никаква контрола и без да се гарантира волјата на граѓаните.
Проблемот
Проблемот е кај власта, кај Мицкоски кој сака да манипулира со 200 илјади гласови. Реформската агенда ја користи само како изговор и алиби за сопствената неспособност да ги реализира обврските од евроинтеграцискиот процес.
СДСМ
СДСМ има принципиелен став, нема да дозволиме изборен грабеж, ќе го заштитиме гласот на секој граѓанин од злоупотреби и манипулации“, соопшти СДСМ.







