По напад со нож во Тетово, полицијата пронајде пиштоли, тефтери со евиденција и пари

Макфакс

07/07/2026

14:00

174

Големина на фонт

а а а

Двајца лица се приведени во Тетово по претреси поврзани со напад со нож каде беа повредени две лица. При претресите полицијата пронајде пиштоли, тефтери со евиденција и пари, а предметот е во фаза на документирање за натамошен правен постапок.

Две лица се приведени во Тетово по полициски претреси извршени во врска со претходно пријавен случај на насилство, во кој со нож биле повредени две лица, информира МВР.

Полициски службеници од СВР Тетово на 6 јули, во периодот од 15 до 18:45 часот, по судска наредба извршиле претреси на две локации кај 38-годишниот Б.И. од Тетово.

Во автомобил „цитроен“, сопственост на Б.И., бил пронајден пиштол што го поседувал со дозвола, а во куќата била пронајдена рамка за пиштолот.

При претрес на објект во Тетово, исто така сопственост на Б.И., полицијата пронашла два пиштоли за кои тој немал дозвола, како и тефтeри со евиденција и пари.

Поради сомнение за сторени кривични дела, приведени се Ш.А.(62) и Е.А.(60), двајцата од Тетово. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.