Златко Пенков од ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека преку ребалансот на буџетот ќе се финансираат капитални и инфраструктурни проекти што ќе поттикнат економски раст и развој на државата во 2026 година.
Златко Пенков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека преку ребалансот ќе се реализираат капитални проекти кој ќе придонесат за развој и напредок на државата.
„Правилното насочување на парите во капитални проекти е основата за растот на бруто домашниот производ“, рече Пенков.
Пенков истакна дека преку ребаланс на буџет средствата се насочуваат за инфраструктурни проекти, зголемено субвенционирање во земјоделството и поддршка за општините. Тој додаде дека главен двигател на економската активност ќе бидат капитланите инвестиции во 2026 година.
„Поставеноста на ребалансот во макроекономска смисла се темели на оценката дека главниот двигател на економската активност ќе бидат капиталните инвестиции во 2026 година. Тој инвестициски импулс од неколку навистина крупни инфраструктурни проекти коишто во моментот се одвиваат во Република Македонија“, рече Пенков и додаде:
„Владата на крајот со овој ребаланс, со овој документ го брани економскиот раст преку јавните инвестиции, локалната инфраструктура и трошење коешто сите ние го нарекуваме развојно трошење“.







