Уапсен 16-годишник од Тетово: Ограбувал цркви и џамии

Макфакс

06/07/2026

11:00

223

Големина на фонт

а а а

Во Тетово е уапсен 16-годишник кој е осомничен за неколку кражби извршени во црква и џамии во градот и околните села. Случајот е предмет на натамошна истрага и документирање.

Вчера во 13:20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешки кражба“ во текот на минатиот месец во црквата во село Брвеница и во две џамии во Тетово.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.