Комична ситуација: Кејн остана без глас по драмата на „Ацтека“ и звучеше како Мики Маус

Дерби

06/07/2026

11:00

270

Големина на фонт

а а а

Англија излезе како победник од драматичниот меч со Мексико и избори место во четвртфиналето на Светското првенство каде ќе ги одмери силите со селекцијата на Норвешка.

Англичаните триумфираа на „Ацтека“ со 3-2 во натпревар во кој играа со играч помалку од 54 минута кога Кванса заработи директен црвен картон поради невнимателен старт.

Капитенот Хари Кејн го заврши ова соочување со гол и асистенција, а по мечот имаше и едно комично интервју пред се затоа што комплетно го загуби гласот и звучеше како Мики Маус.

- Беше неверојатен натпревар. Моравме да најдеме начин да победиме. Едвај можам да зборувам, но сум воодушевен што напредувавме. Сите околности беа против нас, но покажавме карактер и дојдовме до победата, -порача Кејн кој смета дека домаќините не требало да добијат удар од 11 метри.

- Верувам дека прв стигнав до топката. Тоа беше еден од оние денови кога многу одлуки беа против нас. Но, најважно е што на крајот победивме, -рече напаѓачот кој беше воодушевен од атмосферата.

- Погледнете ја оваа атмосфера. Поддршката од навивачите е неверојатна. Немам зборови… иако искрено, едвај можам да ги изговорам во моментов“, се пошегува капитенот на Англија.