Сончево со мала до умерена облачност, попладне локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи

Макфакс

06/07/2026

07:53

377

Големина на фонт

а а а

Временската прогноза најавува сончево со мала до умерена облачност, а попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во вторник. Температурите ќе варираат со благо покачување кон крајот на седмицата.

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Времето во наредните денови

До крајот на работнава седмица и почетокот на викендов, времето претпладне ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди. А попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи, особено во вторник. Дневната температура ќе биде во пораст.