Излетал од патот и удрил во бетонски ѕид, 28-годишник загина во тешка сообраќајка

Макфакс

04/07/2026

12:50

587

Големина на фонт

а а а

Дваесет и осумгодишен маж од Крива Паланка загина во тешка сообраќајна несреќа кога излетал од патот и удрил во бетонски ѕид близу до селото Страцин. Полицијата и јавниот обвинител извршија увид и обдукција на телото.

Дваесет и осумгодишен жител на Крива Паланка го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на магистралниот пат кај селото Страцин, кратовско.

Како што информираат од МВР, несреќата била пријавена околу 00:10 часот, кога патничко возило „Опел Астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.С. (28), излетало од коловозот и удрило во бетонски заштитен ѕид.

Возачот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, додека увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кратово.