Познат турски комичар уапсен поради шеги за Ердоган

Макфакс

03/07/2026

19:43

237

Големина на фонт

а а а

Турскиот стендап комичар Дениз Гокташ е уапсен и му е определен притвор поради изведба која го навредува претседателот Ердоган и религиозните вредности во Турција.

На еден од најпопуларните стендап комичари во Турција, Дениз Гокташ, му е одреден притвор од страна на судот во Истанбул откако беше приведен на главниот аеродром во градот за настап кој е прегледан 9,4 милиони пати на YouTube.

Гокташ е обвинет за „поттикнување омраза и нетолеранција“ и навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган.