Ја претепал малолетната внука, се заканувал и на мајката

Макфакс

03/07/2026

13:10

183

Големина на фонт

а а а

Жена од Кичевско пријавила напад и закани од поранешниот свекор насочени кон неа и нејзината малолетна ќерка, при што девојчето било физички нападнато. Полицијата презема мерки за документирање на случајот.

Жена од Кичевско пријавила во полиција напад и закани упатени кон неа и нејзината малолетна ќерка од поранешниот свекор.

Имено според полицијата, вчера, во 14:55 час во ОВР Кичево, 40-годишна жена пријавила дека на 29.06.2026 нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот поранешен свекор, а кон двете упатил закани.

Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.