Закани со пиштол на Бит Пазар

Макфакс

03/07/2026

13:10

183

Големина на фонт

а а а

Деветнаесетгодишен маж од Скопје пријавил закани со пиштол упатени кон него, неговиот брат и другар на Бит Пазар. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Деветнаесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека нему, на неговиот брат и на нивен другар им биле упатувани закани со пиштол на подрачјето на Бит Пазар.

Според информациите од МВР, на 2 јули во 23 часот во СВР Скопје, В.К. (19) од Скопје пријавил дека околу 20:30 часот, додека бил со својот брат и другар со цел да се видат со друго лице, дошол А.Б. со уште едно лице и со огнено оружјепиштол им упатувал закани.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.