Изложбата „Аја Софија (Истанбул) Светлината на тишината“ на познатите фотографи Изет Керибар и Мехмет Озчај е дел од програмата на 47. Скопско лето и ќе ги претстави уникатните уметнички дела инспирирани од знаменитоста Аја Софија.
Светски познатите фотографи Изет Керибар и Мехмет Озчај со својата изложба на фотографии со наслов „Аја Софија (Истанбул) Светлината на тишината“ се среќаваат со љубителите на уметноста.
Аја Софија, како уметничко дело, не само што фасцинира со својата архитектура и историска вредност, туку и со својот внатрешен мир и безвременска естетика.
„Ги покануваме сите љубители на уметноста на отворањето на оваа изложба, на која ќе бидат претставени овие уникатни дела“, истакнува организаторот.
Изложбата се одржува во рамките на 47. Скопско лето на 7 јули 2026 – вторник, во Сули ан – Скопје, во 20:30 часот.







