Герасимовски: Нова пјацета на улица „Коле Неделковски“, Дебар Маало добива три урбани катчиња за дружење и одмор

Макфакс

03/07/2026

10:00

171

Големина на фонт

а а а

Општина Центар започна со уредување на нова мини пјацета и две други урбани катчиња во Дебар Маало, со цел да понуди функционални јавни простори за одмор и дружење, со современо уредување, повеќе зеленило и подобра урбана опрема.

Општина Центар започна градежни активности за уредување нова мини пјацета на улица „Коле Неделковски“ во Дебар Маало, како дел од проектот за создавање јавни простори за одмор, дружење и рекреација на жителите, информираат од таму.

Градоначалникот Горан Герасимовски

Кажа дека во населбата се предвидени три слични мали плоштади, а веќе се гради на две локации.

Покрај улица „Коле Неделковски“, се уредува мини пјацета на улица „8 Март“, а се планира слично катче и на улица „Коста Веселинов“.

Изјава

„Со уредувањето на овие јавни простори го враќаме препознатливиот дух на Дебар Маало. Создаваме современи и функционални места каде што соседите ќе можат да се среќаваат, да одморат и да поминуваат квалитетно време. Вложуваме во повеќе зеленило, урбана опрема и подобри услови за живот во секое маало“, вели Герасимовски.

Мини пјацетата

На улица „Коле Неделковски“, на површина од околу 100 квадратни метри, ќе биде поплочена со гранитни плочи во различни тонови со што ќе се добие визуелна динамика на просторот, а ќе биде поставена и нова урбана опрема, клупа со метално-дрвена конструкција, корпи за отпадоци и држачи за велосипеди.

Проектни активности

Проектот предвидува и хортикултурно уредување со ново зеленило, како и поставување современо осветлување што ќе придонесе за поголема безбедност и пријатен амбиент во вечерните часови.

„Со реализацијата на овие три мини пјацети, Општина Центар продолжува со уредување на населбите, создавајќи функционални простори кои поттикнуваат дружење и поквалитетен урбан живот“.