Ученици од Македонија на Меѓународна олимпијада по физика во Колумбија

Макфакс

03/07/2026

08:30

216

Големина на фонт

а а а

Македонските ученици по физика ќе учествуваат на 56. Меѓународна олимпијада во Колумбија, каде ќе ги презентираат своите знаења и ќе се натпреваруваат со најдобрите млади физичари од светот. Тимот е поддржан од образовни институции и Министерството за образование.

Македонските олимпијци повторно се подготвени да ги одмерат своите знаења со најдобрите млади физичари од светот.

Македонскиот тим синоќа замина за Букараманга, Колумбија, каде од 4 до 12 јули ќе учествува на 56. Меѓународна олимпијада по физика.

Македонија ќе ја претставуваат:
– Искра Нечаковска, IV година, СОУ „Јосип Броз-Тито“ 6 Битола
– Андрија Младеновиќ, III година, ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ 6 Скопје
– Панче Крстев, III година, ПСУ „Јахја Кемал“ 6 Карпош, Скопје
– Андреј Доневски, III година, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ 6 Куманово
– Михаил Шапчески, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ 6 Карпош, Скопје

Водачи на тимот се проф. д-р Ламбе Барандовски 6 редовен професор на ПМФ во Скопје и претседател на Друштвото на физичарите на Република Македонија и д-р Христијан Кочанковски 6 претседател на Комисијата за натпревари при ДФРМ.

„Искрена благодарност упатуваме до Природно-математичкиот факултет 6 Скопје и Институтот за физика за континуираната поддршка и обезбедените услови за подготовка на олимпијците. Учеството на македонскиот тим на 56. Меѓународна олимпијада по физика е поддржано од Министерството за образование и наука, кое во целост ги покрива трошоците за котизација и патување“, соопштија од Друштвото на физичарите на Република Македонија.