Променливо облачно време, попладне локално невреме

Макфакс

03/07/2026

07:30

371

Големина на фонт

а а а

Во текстот се опишува променливото облачно време, локалните нестабилности и можноста за краткотрајно невреме со град и пороен дожд во Македонија, како и температурните вредности и времето во Скопје.

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на краткотрајно невреме со град, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време.