Руди Гарсија долева „сол на раната“: Потсетете ме да не ја правам грешката на Сенегалците

Дерби

02/07/2026

15:50

272

Големина на фонт

а а а

Руди Гарсија направи неколку чудни измени на стартот на второто полувреме и малку кој веруваше дека Белгија може да направи пресврт, но „црвените ѓаволи“ се вратија од работ на бездната без Де Брујне и Доку кои се преселија на клупа и режираа неверојатен кам-бек против Сенегал.

Блицкригот кој траеше 180 секунди и овозможи на Белгија да израмни на 2:2 со головите на Лукаку и Тилеманс, а во моменти кога сите исчекуваа удари од 11 метри, избраниците на Руди Гарсија добија пенал за победа.

Тилеманс ја презема одговорноста и со гол во 125-та минута ја испрати Белгија во осминафинале, па откако овој успех сопре неверојатен наплив од критики за Руди Гарсија, селекторот реши да го направи поразот за Сенегалците уште поболен.

Гарсија му фати сеир на својот колега Папе Тиау, но и на сенегалските фудаблери кои според него се преселиле во сопствениот шеснаесетник по водството од 2:0.

– Добро ми се познати ваквите екипи како Сенегал. Секогаш ја губат својата тактичка структура на крајот од натпреварите и тоа навистина се случи.

– Знаевме дека на 2:0 ќе се предодредат да го бранат својот гол, а според моето фудбалско гледиште, тоа е огромна грешка. Потсетете ме да не направам таква грешка кога мојот тим ќе води 2:0. Потсетете ме никогаш да не правам такво нешто, – изјави Руди Гарсија.