Санти Касорла го врати Овиедо во Прва лига и заигра на највисоко можно ниво со својот матичен клуб, но откако сезоната заврши со испаѓање во Сегунда, стана јасно дека ветеранот полека се подготвува за одјава од фудаблската сцена.
Касорла доби стоечки овации од сите стадиони во Шпанија и беше еден од најсканите фудбалери во последните неколку години, не само поради фудбалската магија која ја поседува, туку и поради тешкиот пат кој мораше да го изоди.
Некогашната ѕвезда на Арсенал надмина неколку тешки операции и избегна ампутација на ногата, па откако го остави хоророт зад себе, повторно заигра на највисоко ниво и реши да се пензионира во матичниот Овиедо.
Касорла ова попладне отрки дека последниот фудбалски танц е веќе зад него, а емотивната порака која ја испрати не остави никого рамнодушен во фудбалскиот клуб Овиедо.
– Мојата приказна не започна на голем стадион или под големи рефлектори, започна на обичен терен, со топка и со желба на едно мало момче кое само сакаше да игра фудбал. Малку по малку, си го исковав својот пат. Доживеав прекрасни работи… Исто така, преживеав неочекувани и тешки моменти. Но, никогаш не престанав да се обидувам. И на крајот, се вратив, не за да затворам некое поглавје, туку за да го оживеам жарот во себе повторно.
– Се потсетив зошто почнав да играм фудбал, а сега, кога сè исчезнува, кога копачките се закачени на клин, а бучавата се претвора во тишина, сè си доаѓа на свое место. Крајот мораше да биде дома, на истото место каде што започна магијата. Бидејќи некои приказни не завршуваат; тие остануваат засекогаш. Како бројот 8, како симболот за бесконечност, – порача Касорла кој после сите потешкотии кои ги надмина, може да биде горд што се пензионира на 41-годишна возраст.
Hay historias que siempre tendrán un lugar al que volver.
— Real Oviedo (@RealOviedo) July 2, 2026
Tu magia no se va, solo se transformará ✨
📲 https://t.co/CpfDg8xhUv#ElMagoDeLaSonrisa #GraciasSanti#RealOviedo 🔵⚪️ pic.twitter.com/d6OL3qGVjh











