Алаба: Крајот во Реал беше многу тежок за мене

Дерби

02/07/2026

10:49

256

Големина на фонт

а а а

Давид Алаба ќе биде еден од главните ресурси на Австрија во обидот да се сопрат налетите на фаворизираната Шпанија, а во пресрет на 1/16 финалниот натпревар кој се игра денеска, капитенот на австриската селекција одработи интервју со „АС“.

Иако не дојде на мундијалот во идеална форма, Алаба го подигнува нивото со секој одигран натпревар, па сега во период кога смета дека е подготвен за добри настапи на највисока сцена, жали за лошата среќа која ја имаше во завршницата во Реал Мадрид.

Големиот број повреди направија Алаба да западне во втор или трет план, па иако не може да биде задоволен од финишот кој го имаше на „Бернабеу, статистиката вели дека Давид освои се што можеше да се освои во Мадрид.

– Ми беше навистина тешко во завршницата во Реал Мадрид, имав многу потешкотии поради повредите. Но, како фудбалер, мора да учите и во такви моменти. Севкупно земено, мојот период во Мадрид беше многу успешен, тоа беше незаборавна етапа за мене во кариерата.    

– Имав посебно тешки месеци кога го повредив коленото, а после тоа имав низа мускулни повреди кои ме оневозможија да фатам посакуван ритам. Како и да е, Реал Мадрид е етата која ќе ја паметам по убави моменти и прекрасни години, – изјави Алаба.