Олимпик Марсеј е еден од најголемите француски клубови, но иако доста вложува не успева да се наметне и претставува сериозна конкуренција за Пари Сен Жермен.
Тој има проблем и да стекне статус на втора екипа во оваа ера на доминација на „светците“, меѓутоа можеби тоа ќе се промени по најновиот потег, назначувањето на стратегот кој низ годиниве имаше одлични резултати во Лига 1-тоа е Бруно Женесио.
Женесио во својот последен ангажман го водеше Лил, претходно беше на клупата на Рен каде беше прогласен и за тренер на годината, а на ниво беше и во Лион во периодот од 2015 до 2019 година.
- Ова назначување е дел од новиот спортски циклус што го презема клубот со цел да го продолжи својот развој и одржливо да ја зајакне својата конкурентност на највисоко ниво, - порачаа од Марсеј.
- Марсеј е уникатен клуб, со исклучителна историја, силен идентитет и навивачи чија страст е препознаена далеку надвор од неговите граници. Навистина сум воодушевен што сум дел од овој нов проект, - истакна 59-годишниот стручњак.







