ДПМНЕ свесно го минира Изборниот законик за Левица да биде дискриминирана и замолчена, велат од оваа партија

Макфакс

01/07/2026

14:30

128

Големина на фонт

а а а

Во текстот се изнесува критика кон предлог-изборниот законик што го предлага ДПМНЕ, кој според Левица, има за цел да ја дискриминира оваа партија и да ја ограничи слободата на политичко изразување преку финансиски казни и ограничување на правата на помалите политички субјекти.

Предлог-изборниот законик што ДПМНЕ се обидува да го протурка претставува опасен обид за ограничување на демократскиот простор и зачувување на изборното статус-кво кое со години им одговара на големите партии, ситакнуваат од Левица.

Според нив, една од скандалозните новини е и членот 76-ѓ, со кој се предвидуваат глоби до 8.000 евра за содржини објавени на социјалните мрежи за време на изборната кампања, којшто впрочем и воопшто не беше дискутиран во Работната група. Со широкопоставени формулации, појаснуваат од оваа партија, се отвора можност политичките ставови, критиките и јавните објави да бидат предмет на казнување, што претставува директен удар врз слободата на политичко изразување и воведување цензура преку парични санкции.

„Истовремено, ДПМНЕ се обидува перфидно да ја претстави темата за електронското гласање на дијаспората како своја црвена линија, иако вистинската цел е Изборниот законик намерно да се доведе до ниво на неприфатливост, за на крај да остане непроменет токму моделот кој ја дискриминира Левица. Јавно глумат подготвеност за измени и делумно фер правила, а суштински предлагаат услови за кои однапред знаат дека немаат консензус, со што свесно го минираат процесот“.

Зад таа игра, како што оценуваат, стои јасна политичка намера за Левица да остане без рамноправен пристап до финансиски средства за изборна кампања, без фер распределба на средствата за платено политичко рекламирање и цензурирана. „ДПМНЕ не сака вистинска реформа на Изборниот законик, туку старите правила да останат, затоа што токму тие правила им овозможуваат на големите партии да го делат политичкиот простор, а Левица да биде системски ограничена, финансиски дискриминирана и политички замолчена.

Наместо да ги исправи забелешките и да обезбеди еднакви услови за сите политички субјекти, ДПМНЕ избира да ја зачува состојбата од која профитираат само големите партии и нивните привезоци“.