Тешко повреден велосипедист по удар од автомобил

Макфакс

01/07/2026

14:10

133

Големина на фонт

а а а

Во Скопје се случи сообраќајна несреќа кога автомобил удри во велосипедист, при што тој се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница.

Во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден во 17:15 часот било пријавено дека на кружен тек од бул. „8 Септември“ и ул. „Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(46) од Скопје и велосипед управуван од Б.Ј.(33) од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски" - Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.