Во Струга вчера се случи тешка сообраќајна незгода кога 39-годишна жена управувајќи велосипед удри во паркирано возило, при што доби сериозни телесни повреди и беше пренесена во болница во Охрид.
Вчера во 18:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на 29.06.2026 околу 09:30 часот на паркинг простор во село Мислешево, струшко, велосипед управуван од 39-годишната К.Р.С. од Струга, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, паркирано од И.М.(71) од село Мислешево.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила К.Р.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа.







