Колина даде објаснување за поништениот гол кој ја крена на нозе цела Германија: Не знам зошто се изненадени

Дерби

01/07/2026

11:03

430

Големина на фонт

а а а

Германската спортска јавност повеќе од 24 часа пишува за новото мундијалско фијаско кои го режираа „панцирите“, но исто така има и луѓе кои бараа одговор за поништениот гол на Џонатан Та, погодокот кој можеше да го однесе фаворитот во осминафинале.

Стоперот постигна гол пред крајот првото продолжение и во прв момент сите се израдуваа на погодокот, па иако Парагвајците не се бунеа и главниот судија не забележа ништо, луѓето во ВАР детектираа нерегуларна ситуација.

Повторената снимка покажа дека Антон прави мала опструкција на голманот Хил пред топката да стигне до Та, а ова на крајот се покажа како доволно за да се поништи голот.

Според Германците, контактот беше премногу ситен за да се поништи голот, но Пјерлуиџи Колина како судиски шеф на ФИФА сега даде објаснување за оваа спорна ситуација.

– За да се зголеми темпото на натпреварот, на судиите им беше препорачано да не го казнуваат нормалниот фудбалски контакт и да обрнат внимание на некои специфични ситуации што можат да се појават во врска со тактиките на одредени тимови.

– Најдобар пример за тоа е она кога напаѓачите се обидуваат да ги спречат одбранбените играчи да се движат. Иако држењето позиција не е само по себе прекршок, кога напаѓачки играч не е заинтересиран за топката и намерно се движи, дури и маргинално, со јасна намера да го попречи движењето на противникот и го спречува да се брани, тогаш судиите, а и ВАР, кога е потребно, треба внимателно да го анализираат инцидентот и да интервенираат.

– Ова е особено случај кога тактиката на играчот кој напаѓа има за цел да го спречи противничкиот голман да може да го брани голот. Тренерите и играчите беа информирани, па затоа не треба да биде изненадување што судиите ќе ги казнуваат овие прекршоци, – објасни Колина.