Биелса си замина од Уругвај и даде изјава за „случајот Валверде“: Никогаш не сум направил повеќе отстапки за еден играч

Дерби

01/07/2026

10:51

248

Големина на фонт

а а а

Периодот на Марсело Биелса во уругвајската фудбалска репрезентација беше исполнет со турбулентни и тензични моменти, а откако тимот доживеа фијаско на мундијалот, повеќе од јасно беше дека искусниот стручњак става крај на тригодишната етапа во оваа јужоамериканска земја.

Биелса се соочи со огромни критики уште пред мундијалот кога реши да се откаже од фудаблски легенди како Луис Суарез и Единсон Кавани, проблемите продолжија со разочарувачки изданија против Саудиска Арабија и Зелен Рт, а потопот беше потврден со пораз од Шпанија за рана елиминација на Светското првенство.

По поразот од „фуријата“, беше само прашање на време кога двете страни ќе се разделат, а на заминување, Биелса одработи и прес-конференција пред уругвајските новинари.

– Овој крај и ова простување пред вас е болно за мене. Знам каква страст се создаде, но на крајот работите завршија на лош и непоскуван начин. Ако треба да дадам оценка за тоа што го сработивме, конечниот заклучок е дека ги разочаравме навивачите. Тоа е огромна фрустрација за мене. За мене беше целосно непредвидливо дека ќе заврши вака, ова е пад кој е тежок за поднесување, – призна Биелса.

По елиминацијата на Светското првенство, многу се зборуваше и за неговиот нарушен однос со Феде Валверде, но Биелса вели дека во својата кариера никогаш не направил повеќе отстапки за еден фудбалер.

– Никогаш немав проблеми со Валверде. Всушност, никогаш во мојата кариера немам направено повеќе отстапи за еден играч. Го направив тоа бидејќи сметам дека тој заслужува такво нешто, – изјави Биелса.