Има проблеми и во рајот: Разочарана француска ѕвезда го игнорираше Дешамп по победата над Шведска

Дерби

01/07/2026

10:50

295

Големина на фонт

а а а

Франција има неверојатно добри и моќни играчи на секоја позиција на теренот, па во ситуација кога двајца играчи се борат за едно место во стартниот тим, Дидие Дешамп има слатки маки кои најчесто знаат да донесат и незадоволство кај одредени поединци.

Францускиот тим изгледа посебно брутално во напад каде има голем број ѕвезди како Мбапе, Олисе, Дембеле, Дуе, Баркола и Шерки, но овој последниот добива најмалку минутажа на овој мундијал.

Шерки собра вкупно 50 минути во групната фаза како резерва, а вчера влезе во 85-та минута на решен натпревар против Шведска и тоа направи да биде доста нерасположен по крајот на мечот.

И покрај победата од 3:0, Шерки не го криеше незадоволството поради малото влијание кое го има на овој мундијал, па фрустрацијата го натера да го избегне и Дидие Дешамп.

Селекторот се обидуваше да го утеши Шерки, но овој одби да се ракува со него, а во продолжение не сакаше да ги слуша и неговите објаснувања.