Барселона се очекува да донесе уште неколку имиња во овој преоден рок, но во исто време оперативците ќе имаат задача да се ослободат од играчите кои не се во плановите на тренерот Ханси Флик.
Една трансфер операција официјално е затворена, а тоа е продажбата на Ансу Фати. Фати доби шанса на големата сцена уште како тинеџер и веднаш се наметна со своите изданија, па многумина го гледаа како легитимен наследник на Лионел Меси, поточно фудбалер кој ќе може да ја предводи Барса во наредните 10-15 години.
Тој доби и ја наследи „десетката“ на Аргентинецот, меѓутоа повредите кои ги имаше му направија проблеми и потоа не успеа да го испорача она што се очекуваше од него. Натпреварувачката 2025/2026 ја мина во редовите на француски Монако, постигна 12 гола на 30 натпревари што беше доволно за овој тим да го откупи неговиот договор.
Барселона за зделката ќе заработи 11 милиони евра, плус ќе има процент од секоја наредна продажба на напаѓачот.
Ансу ја завршува приказната со Барса со 123 одиграни натпревари и 29 постигнати погодоци.







