Речиси 2.000 загинати во Венецуела, потрагата под урнатините продолжува

Макфакс

30/06/2026

21:21

180

Големина на фонт

а а а

Два силни земјотреси во Венецуела предизвикаа речиси 2.000 загинати и повеќе од 10.000 повредени. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по загрозени лица под урнатините.

Бројот на жртви од двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела минатата среда сега изнесува 1.943, изјави претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, додавајќи дека бројот на повредени речиси се дуплирал на 10.571, а спасувачите сè уште наоѓаат луѓе под урнатините.

Вчера бројот на жртви од земјотресот беше 1.719. Првиот земјотрес во Венецуела со магнитуда од 7,2 степени се случи во 18:04 часот по локално време минатата среда, околу 200 километри западно од Каракас.

По него следеше втор земјотрес со магнитуда од 7,5 степени според Рихтеровата скала на 45 километри оддалеченост, а потоа и серија последователни потреси.

Земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала беше најсилниот во последните повеќе од 100 години што ја погодил Венецуела, според податоците на Американскиот геолошки завод (USGS).

 

фото/Depositphotos/илустрација