Општина Чаир изрази сочувство по смртта на Владо Јаневски

Макфакс

29/06/2026

14:40

305

Големина на фонт

а а а

Општина Чаир изрази најдлабоко сочувство по смртта на маестро Владо Јаневски и најави институционални мерки за одбележување на неговото значајно творештво и придонес во македонската музика.

Општина Чаир изразува најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и до целата нација по повод смртта на маестро Владо Јаневски, еден од најголемите имиња на македонската музика, чие творештво остави неизбришлива трага во музичката култура и во сеќавањата на многу генерации.

Од Општината најавија дека во знак на почит кон неговиот уметнички придонес и неговата посебна поврзаност со Чаир, Советот на Општина Чаир ќе преземе институционални мерки за трајно одбележување на ликот и делото на маестро Владо Јаневски.