Отворена нова детска градинка во Трубарево

Макфакс

29/06/2026

13:00

169

Големина на фонт

а а а

Во Трубарево е отворена нова современа детска градинка „Кокиче“, капитален проект со голема вредност за локалната заедница. Градинката е наменета за околу 60 деца, а изградбата и опремувањето се финансирани од Општина Гази Баба и Министерството за социјална политика. Во тек се и други проекти за нови градинки во околните населби.

Во Трубарево денеска беше отворена нова детска градинка „Кокиче“.

Изградба и функционалност

„ Со огромна чест и гордост ја пуштивме во употреба новата детска градинка „Кокиче“, капитален проект кој повеќе децении беше желба и потреба на жителите од ова населено место. Денес тоа што долго се чекаше, конечно стана реалност. Изградивме современа детска градинка на површина од 720 квадратни метри, со пространи и функционални занимални, административни простории, современа кујна и сите неопходни услови за безбеден, квалитетен и среќен престој на најмладите“, соопшти градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Капацитет и средства

Додаде дека во градинката ќе бидат згрижени повеќе од 60 деца.

Вредноста на инвестицијата изнесува 47.000.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Гази Баба, додека опремувањето на градинката беше реализирано со средства од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Идни проекти

Стефковски, исто така, кажа дека во тек е изградбата на детски градинки во Инџиково и помеѓу Маџари и Керамидница, а во тек е постапката за избор на економски оператор за изградба на нова детска градинка во Сингелиќ.