Сончево и топло со максимална температура до 39 степени

Макфакс

29/06/2026

07:13

427

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево и топло со високи температури кои ќе достигнат до 39 степени. Во Скопје ќе дува умерен ветер од југоисток, а од вторник се очекуваат врнежи од дожд и појава на нестабилност.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на топла воздушна маса од југ до вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Под влијание на циклонска активност од вторник од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Од среда се очекува мал пад на дневната температура и локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен долж Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 km/h.