Приведени двајца возачи, возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово

Макфакс

28/06/2026

12:30

150

Големина на фонт

а а а

Двајца возачи на патот Гостивар-Тетово се приведени поради возење во спротивен правец, што претставува опасност за безбедноста во сообраќајот.

Вчера во 11:30 часот на патот Гостивар- Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода В.М. (30) од с. Боговиње, затоа што со товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на движење.

Исто така, на 27.06.2026 во 12:30 часот, на патот Гостивар– Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници го лишија од слобода и М.Д. (55) од с. Фалише, затоа што со товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец за движење.