Североисточна Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,1 степен

Макфакс

28/06/2026

08:50

221

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 6,1 степен го погодил североисточниот дел на Јапонија рано изутринава, без предупредување за цунами, соопштија локалните власти. Епицентарот бил во близина на префектурата Ивате, која беше погодена и од посилен земјотрес неодамна. Пријавени се неколку повреди, но нема абнормалности во нуклеарните објекти.

Земјотрес со јачина од 6,1 степен рано изутринава ја погоди североисточна Јапонија. Не е издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан во близина на префектурата Ивате на длабочина од околу 40 километри, соопшти агенцијата.

Пред неколку дена земјотрес со јачина од 7,2 степени ја погоди префектурата Ивате при што се повредени најмалку 10 лица и беше нарушено движењето на брзите возови.

Според „Тохоку Електрик Пауер Ко.“, при земјотресот не се регистрирани никакви абнормалности во нуклеарните централи Хигашидори во префектурата Аомори и Онагава во префектурата Мијаги. Фабриката за преработка на нуклеарно гориво во Рокашо исто така работи нормално, соопшти локална компанија за преработка на ураниум.