Владата на Централноафриканската Република прогласи епидемија на колера

Макфакс

27/06/2026

16:40

236

Големина на фонт

а а а

Централноафриканската Република прогласи епидемија на колера поради растечките случаи и смртни исходи во областите Бимбо и Мбаики, при што здравствените власти се активни во справувањето со оваа сериозна здравствена криза.

Владата на Централноафриканската Република официјално прогласи епидемија на колера откако беа потврдени 24 смртни случаи и 197 заразени во областите Бимбо и Мбаики, југозападно од главниот град Банги, соопшти министерот за здравство на земјата, Пјер Сомсе.

„Додека Централноафриканската Република се соочува со закана од епидемија на вирусот ебола што беснее во Демократска Република Конго и во Уганда, Министерството за здравство и население, со поддршка на Институтот Пастер од Банги, вчера потврди прогласувањето на епидемија на колера во здравствените области Бимбо и Мбаики“, рече Сомсе денеска на прес-конференција.

Колерата се шири преку вода и храна контаминирана со бактерии и може да предизвика дехидрација и сериозни стомачни проблеми.