Во Бутел запален автомобилот на адвокатот Асмир Алиспахиќ

Макфакс

27/06/2026

09:30

246

Големина на фонт

а а а

На 25 јули во раните утрински часови во скопската населба Бутел биле опожарени две патнички возила – „пасат“ и „мерцедес“, а едното од нив е во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ.

Полицијата работи на расчистување на случајот, додека сопствениците засега не знаат кој стои зад инцидентот.

„На 25.06.2026 година, околу 02:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел се опожарени две возила – „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А. (42) од Скопје, и „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на М.М. (37) од Скопје“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.