ЈП Водовод и Канализација информира дека поради санација на затварачи, утре делови од скопски Карпош ќе останат без вода во периодот од 18 часот до завршување на работата, со очекување за нормализирање на снабдувањето до 12 часот следниот ден.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 26.06.2026 година (петок) поради санација на 2 затварачи од ф – 400 и ф – 500 мм доколку постојат технички услови, во периодот од 18.00 часот па до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Никола Парапунов, како и дел од корисниците од улиците Разловечко Востание и Вич.
Нормализирање на водоснабдувањето се очекува кај 12.00 часот на ден 27.06.2026 година (сабота). Доколку не бидат исполнети техничките предуслови, интервенцијата се одложува за наредниот период. (општина Карпош).







