Земјотрес во Грција

Макфакс

24/06/2026

12:00

243

Големина на фонт

а а а

Во морското подрачје на Грција е забележан земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, регистриран близу островската група Додеканези. Засега нема информации за штети или повредени лица, а граѓаните пријавиле послабо тресење.

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди морското подрачје во Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според сеизмолозите, потресот бил регистриран во близина на островската група Додеканези во југоисточниот дел на Егејското Море.

Граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ споделиле дека го почувствувале земјотресот, но засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

„Почувствував благо тресење, се затресе чадорот за сонце“, „Потресот траеше доста долго, но нема штета“, се дел од коментарите објавени на страницата на ЕМСЦ.

Жител на островот Карпатос напишал дека „целата зграда се тресеше неколку секунди“.

Засега нема податоци за евентуална материјална штета или повредени.