Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Макфакс

23/06/2026

07:47

295

Големина на фонт

а а а

Циклонска активност ќе предизвика развој на нестабилна облачност со дожд и грмежи во Македонија денес и во наредните денови, а температурите ќе останат високи со периоди на пороен дожд и засилен ветер.

Под влијание на циклонска активност со центар во Турција, денеска во земјава ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје, претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. А од петок следува период на претежно сончево и потопло време, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.