Две мали деца, на возраст од две и четири години, беа пронајдени починати во автомобил на паркинг во станбена зона во југоисточниот француски град Карпентрас, додека земјата се бори со екстремен топлотен бран со температури што достигнуваат 40 степени Целзиусови, објави телевизијата TF1.
Пожарникарите ги пронајдоа децата со срцев застој во автомобилот на нивната 33-годишна мајка откако добија повик околу 13:20 часот во понеделникт. И покрај обидите да ги реанимираат, лекарите не беа во можност да ги спасат. Според „Ле Паризиен“, се верува дека децата влегле во возилото без знаење на нивната мајка, а потоа биле заробени внатре.
Трагедијата ја потврди канцеларијата на јавниот обвинител во Карпентрас, во одделот Воклиз. Беше истакнато дека точната причина за смртта сè уште се утврдува, но дека топлотниот бран се смета за најверојатна причина.
Сè уште не е познато колку долго децата биле заробени во автомобилот. Нивната мајка била однесена од службите за итни случаи, а обвинителката Хелен Мурж изјавила дека таа сè уште не е испрашана, пренесува „Индипендент“.







